Кинеска научничка ја тестираат неиспитана вакцина против коронавирус на себе
Светски познатиот епидемиолог Чен Веи е генерал на кинеската народноослободителна армија. Таа ја предводела борбата против ебола и САРС, а од средината на јануари е ставена во епицентарот на епидемијата на коронавирус во Вухан.
Вчера, 54-годишната научничка, заедно со шест члена на нејзиниот тим, ја докажаа својата лојалност кон Комунистичката партија со вбризгување вакцина која сè уште не е тестирана врз животни, во очигледен обид да се покаже како Кина се справува со коронавирусот, пренесува Vice.com.
Чен и нејзиниот истражувачки тим работат во Институтот за вирологија Вухан, лабораторија со највисоко ниво на биосигурност, повеќе од еден месец. Покрај тоа што брзаа да ја развијат вакцината, Чен и нејзините соработници работеа и на третмани кои вклучуваат плазма терапија и пренамена на спреј за нос, дизајниран за зајакнување на имунитетот кон вирусот.
Вчера Чен се појави на кинеската државна телевизија, во извештајот во кој се вели дека е направена голема промена во развојот на вакцините.
„Ние правиме се што можеме за да ја испратиме рекомбинантната вакцина на која работиме во клиничка употреба. Мора да се обидеме да ја внесеме вакцината во клиничка примена и во тестирање и со тоа да обезбедиме силна техничка поддршка за да победиме во оваа битка “, рече Чен.
Иако во телевизискиот извештај не се забележани инјекции, официјалниот канал на Народноослободителната армија на социјалната мрежа Вајбу објави фотографии од Чен како ја инјектира вакцината во левата рака. На фотографиите се прикажани и другите шестмина припадници на војската кои примаат инјекции со вакцината. После тоа, објавата на Веибо беше избришана, но фотографиите и сликите од екранот беа споделени на други социјални мрежи, вклучително и на Твитер.
The world’s first new coronavirus vaccine was injected into the left arm of inventor Chen Wei.
Dare to be the first in the world, seven Communist Party members of the expert group were vaccinated against the new coronavirus!
Веста дојде само еден ден откако кинескиот претседател Си Џинпинг ја посети Академијата за воени медицински науки, каде истакна дека е потребен координиран научен пристап за борба против епидемијата на коронавирус. Десетици лаборатории низ целиот свет се тркаат за да развијат вакцина против коронавирус, откако кинеската лабораторија генетски го секвенцирала вирусот во јануари.
Неколку лаборатории развија прототипови на вакцини кои во моментот се тестираат на животни. Првичните тестови на човекот најверојатно ќе започнат најрано во април, за да се утврди ефективноста на вакцината и да се укаже на можни несакани ефекти. Секоја вакцина мора да биде лиценцирана од регулаторните органи пред да се понуди на јавноста, така што широко достапна вакцина не треба да се очекува пред почетокот на следната година.