Кардиолозите тврдат: „Оваа риба е најдобра за здравјето на вашето срце – еве зошто“
Смртта од кардиоваскуларните болести на глобално ниво се зголемила од 12,1 милиони од 1990 година на 20,5 милиони во 2021 година, според извештајот на Светската федерација за срце од мај 2023 година.
Иако бројот е прилично застрашувачки, за среќа, многу од овие состојби можат да се спречат или барем да се контролираат со здрав начин на живот – вежбање, управување со стресот, избегнување пушење и пиење алкохол и уживање во здравата и избалансирана исхрана.
Општата содржина на исхраната за здравјето на срцето вообичаено вклучува зеленчук, мешунки, јаткасти плодови, маслиново масло, бобинки и риба.
„Консумирањето риба е дел од добро познатата, глобално прифатена, традиционална медитеранска исхрана. Во неколку опсервациски студии се докажало дека усвојувањето на оваа диета е поврзано со намалената стапка на морталитет од кардиоваскуларни болести“, вели кардиологот д-р Мустали Дохадвал.
Омега три масните киселини во лососот го намалуваат ризикот од аритмија
Меѓутоа, според кардиолозите, еден вид риба особено се истакнува по поволното дејство на здравјето на срцето – лосос. Тие тврдат дека оваа риба е најздрава за срцето благодарение на високото ниво на омега три масните киселини, а и самите доктори ја јадат по неколку пати неделно.
„Докажано е дека омега три масните киселини го намалуваат нивото на триглицеридите, ги намалуваат васкуларните воспаленија и го намалуваат ризикот од аритмија“, вели кардиологот д-р Бредли Сервер.
Конечно, д-р Дохадвала заклучува: „Истражувањето покажало дека јадењето риба четири пати неделно или повеќе го намалува ризикот од срцев удар. Дури и само две порции риба неделно можат да го намалат ризикот од смрт кај луѓето кај кои веќе се дијагностицирани кардиоваскуларни болести“.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.