Како правилно да ги подготвите тестенините за да не ве дебелеат?

Тим од нутриционисти ги проучувал тестенините направени од бело брашно и дошол до интересни резултати. Тестенините се богати со јаглехидрати, кои првенствено ги има во лебот, но и во компирот и оризот.

Истражувањето докажало дека на појавата на вишокот килограми не влијае толку храната богата со јаглехидрати колку храната со висок гликемиски индекс (ГИ). Нејзина единствена цел е нагло да ја зголеми енергијата, преку ненадеен скок на шеќерот во крвта.

Меѓутоа, кога шеќерот во крвта нагло ќе скокне, тој се намалува брзо, доведувајќи повторно до чувство на глад. Експертите кои ги проучувале тестенините, кои главно се користат за подготовка на паста, дошле до заклучок дека ако шпагетите се приготвуваат правилно, тие имаат помал гликемиски индекс од лебот, компирот и оризот.

Како што објаснија нутриционистите Лиза Сандерс и Џоана Славин, кои го спровеле ова истражување, начинот на кој се подготвуваат шпагетите е од клучно значење.

– Точно е дека ќе се здебелите ако на одреден начин подготвувате тестенини. За почеток не смеат да се преварат. Гответе ги точно минути колку што пишува на пакувањето, дури и неколку минути помалку. Готвењето тестенини ја менува структурата на скробот. Кога не ги преварувате, гликозата побавно се разградува во дигестивниот систем, а тоа помалку ќе влијае на нивото на шеќер во крвта, и подолго време ќе бидете сити – објасниле истражувачите во студијата.

Според д-р Трејси Робертсон, истражувач на Одделот за нутриционистички науки на Универзитетот во Сари, друга важна работа е како ги сервирате шпагетите, односно дали ги јадете ладни или топли.

– Шпагетите треба да се сервираат ладни. Многу е важен и сосот што оди со нив, кој често е поважен од самите тестенини. Ако користите прелив од домати или сос со зеленчук, тоа ќе има многу повеќе придобивки за вашето здравје отколку јаките сосови со мелено месо. Многу луѓе сакаат шпагетите да ги јадат топли така што се топи и пармезанот врз сосот. Јаките, висококалорични сосови кои се полни со масно, висококалорично сирење во комбинација со жешките тестенини дефинитивно се лоши за вашата тежина – истакна д-р Робертсон за Тајмс, а за тоа пишува и Сан.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.