Како да го спуштите високиот крвен притисок на здраво ниво?
Нормалниот крвен притисок е 120 систолен и 80 дијастолен, или 120/80 mmHg. Доколку притисокот изнесува помеѓу тоа и 139/89 mmHg, се смета дека постои ризик од висок крвен притисок, додека сè над тоа спаѓа во групата на висок.
Еве што препорачуваат кардиолозите за спуштање на крвниот притисок и одржување на негово здраво ниво:
1) Движете се
Буквално секое движење е корисно движење, без разлика дали користите скали наместо лифт, пешачите на пократки релации и сл. Било кое движење помага за намалување на крвниот притисок и ја подобрува способноста на срцето да зема кислород од крвта.
2) Намалете го стресот
Кога сме под стрес, нивото на хормоните како кортизол се зголемува, а со тоа и крвниот притисок.
Секако, намалувањето на стрес не е воопшто лесно да се постигне, а во тоа може да бидат вклучени подобра стратегија за спиење, поголема изложеност на свеж воздух, слушање на омилена музика која ве релаксира, вежбање јога и сл.
3) Фокусирајте се на здрава исхрана
Исхраната богата со овошје, зеленчук, добри масти и протеин, исклучително влијае на крвниот притисок и здравјето.
На пример, добрите масти кои потекнуваат од авокадото, маслиновото масло или лососот помагаат во намалување на инфламацијата во телото, што пак помага во регулирање на крвниот притисок и овозможува подобра апсорбција на одредени витамини и минерали растворливи во масти.
4) Кога да посетите доктор?
Доколку ништо од ова не ви влијае на намалување на високиот крвен притисок, можеби се работи за генетски фактори или болест. На ризикот од висок крвен притисок влијаат и други фактори, како што се староста, расата или етничката припадност.