Јадете грозје за да го подобрите видот

Јадењето грозје е добро за вашите очи, покажуваат истражувањата. Докажано е дека само неколку грозда дневно за четири месеци ги подобруваат клучните маркери за здравјето на очите. Тајната лежи во тоа што значителното влошување на видот е резултат на „оксидативниот стрес“, каде што клетките се оштетуваат бидејќи телото нема доволно антиоксиданти, а кои грозјето ги има во изобилство.

Тим од Националниот универзитет во Сингапур проучувал 34 возрасни лица што јаделе една и пол шолја грозје дневно или биле на плацебо во текот на 16 недели.

Луѓето што јаделе грозје покажале значително зголемување на индикаторите за здравјето на очите на оптичката густина на макуларниот пигмент, антиоксидантите во плазмата и содржината на феноли во споредба со оние што биле на плацебо.

Оние што не јаделе грозје забележале значително зголемување на гликацијата – штетен дел од процесот на стареење.

– Нашата студија е првата што покажа дека консумирањето грозје има корисни ефекти врз здравјето на очите кај луѓето, што е многу возбудливо, особено со растечката популација – рече коавторот на студијата д-р Јунг Еун Ким.

Грозјето е лесно достапно овошје, за кое студиите покажаа дека може да има корисни ефекти во нормални количества од само една и пол чаша дневно.

– Редовното внесување грозје може да го подобри здравјето на очите кај постарите лица – наведуваат тие.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.