Истражување: Крвниот притисок ја предвидува смртта 14 години пред да настапи?

Крвниот притисок во подоцнежната фаза од животот почнува малку да опаѓа, а тоа е околу 14 години пред да настапи смртта, покажа неодамнешно истражувањето.

Научниците дошле до овој заклучок додека ја набљудувале здравствената состојба на 46.634 Британци кои починале на 60-годишна возраст или подоцна, а во примерокот биле вклучени луѓе кои биле здрави, но и оние кои имале деменција и срцеви заболувања.

Крвниот притисок најмногу се намалил кај пациентите со деменција, срцева слабост, губење на тежината во подоцнжните години и оние кои обично имале висок крвен притисок. Долгорочно намалување е забележано и кај пациенти без ниту една од горенаведените дијагнози.

„Нашето истражување фрла светлина на важноста од следење на состојбата на постарите пациенти какви што лекарите гледаат  насекаде. „Би бил многу вознемирен доколку некој ја протолкува нашата работа како мотив да не ја лекуваме хипертензијата во подоцнежните години со лекови и да не ги препишуваме“, вели еден од авторите на истражувањето.

Се додава дека лекарите и истражувачите треба да обрнат внимание на тоа што всушност значи падот на крвниот притисок за постарите пациенти. Иако постојат и други знаци кои укажуваат на близината на смртта и се јавуваат само неколку години пред тоа, висината на притисокот и сите промени поврзани со него се најочигледни показатели. Тоа е главно затоа што крвниот притисок може да се мери нумерички, често го мерат и го следат лекарите, како и самите пациенти.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.