И кората од портокалот е многу корисна, еве зошто
Кората од портокал има соединенија кои можат да го разубават тонот на кожата, правејќи ја да изгледа здраво и младо. Тие соединенија, исто така ја зајакнуваат кожата, па затоа е одличен природен лек против целулитот, корисна е против мрсна кожа на лицето, прави добар пилинг на кожата.
Користењето кора од портокал на лицето го контролира вишокот маснотии. Има флавоноид наречен нобилетин, кој го спречува таложењето на себум во порите. Ова соединение, исто така, спречува порите да станат поголеми, така што има помалку простор за маснотии.
Кората од портокал содржи екстракти кои ги имаат истите способности како и антибиотиците, така што тие можат да се борат против бактериите кои предизвикуваат мозолчиња. Ќе се намали избивањето на акни, без да мора да се користат лекови за акни. Покрај мозолчињата, употребата на кора од портокал се проширува и во борбата против стафилококи инфекции на кожата.
Во форма на прав, кората од портокал прави неверојатен пилинг. Грубата текстура ќе ги исчисти клетките на кожата и ќе ѝ даде на кожата здрави хранливи материи.
За да се користат овошни лушпи на кожата, потребно е таа да се трие со страната свртена навнатре. За да се направи пудра, потребно е прво да се исушат на сонце, а потоа да се изблендираат исушените лушпи.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.