Хуманитарната група „Оксфам“ предупредува дека поради пандемијата од глад може да умираат до 12.000 луѓе секој ден

Хуманитарната група „Оксфам“ објави дека пандемијата на коронавирус ја влошила кризата со гладта во најсиромашните делови на светот и предупреди дека од глад може да умираат до 12.000 луѓе секој ден, што е поврзано со социјалното и економското влијание на пандемијата.

Во извештајот на групата се вели дека масовната невработеност, нарушувања на производството на храната и намалувањето на хуманитарната помош како резултат на пандемијата може да изгладнат околу 122 милиони луѓе оваа година.

Генералниот директор на „Оксфам“ предупредува дека последиците од пандемијата се многу распространети од самиот вирус и дека тие влијаат на многу земји со среден приход, како Индија, Јужна Африка и Бразил, пренесува АП.

извор: lokalno.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.