Храна која треба да се јаде во одреден дел од денот
Здравата исхрана и физичката активност се клучни за доброто здравје. Затоа не е ни изненадувачки што луѓето сè повеќе ги напуштаат лошите навики и се обидуваат да направат барем нешто корисно за сопственото тело.
Секако, тајната е во здравата и свежа храна, но и во временскиот термин во кој ја консумирате. За подобро да го разберете овој концепт, прочитајте ги во продолжение суштините на правилната исхрана, како и кои намирници во кој дел од денот треба да ги консумирате.
Темно чоколадо
Препорачливо е да го консумирате наутро, за телото да ја прими дозата на антиоксиданси потребни за енергичен почеток на денот. Но, во попладневните часови, телото не може да обработи повеќе од 25 гр чоколадо, што значи дека целиот вишок ќе се претвори во маснотии на телото.
Месо
Препорачуваме да јадете месо преку ден, така што производот има време да се вари и да му даде на организмот потребната доза на железо. Ова ќе помогне во борбата против заморот, како и за подобрување на имунитетот. Во вечерните часови не е добро да се јаде месо, најмногу поради тоа што му требаат барем пет часа да се свари во желудникот.
Ореви
Малку непечени ореви за грицкање ќе му ја дадат на телото потребната доза на омега-3 масни киселини. Но, јадењето ореви во вечерните часови придонесува повеќе за зголемување на телесната тежина отколку што има позитивен ефект.
Макарони и тестенини
Одлични се за јадење наутро или за ручек. Имајте на ум дека се доста калорични и дека дигестивниот систем е побавен во вечерните часови. Затоа, за вечера изберете нешто полесно.
Тиквички
Производ што помага да се исчисти телото во вечерните часови. Додадете ги свежи во салата. Но, наутро, тиквичките се непожелни, бидејќи има диуретично дејство, кое не е добро кога стомакот е празен.
Урда
Во вечерните часови, урдата има смирувачки ефект врз дигестивниот систем и помага во апсорпцијата на друга храна, поради содржината на добри пробиотски бактерии. Сепак, ако сте настинати, избегнувајте ја, бидејќи го поттикнува создавањето слуз во дишните патишта.
Јаболка
Прекрасно овошје што вреди да се јаде наутро. Навечер обидете се да го јадете во сосема мали количини, за да не го оптоварувате телото со пектин и фруктоза, кои се прилично тешки за варење.
Компири
Компирите, во зависност од тоа како се подготвени, може да бидат сосема здрави и безбедни, но и да бидат вистинска калориска бомба. Ако ги јадете приквечер, нека бидат варени. Печените јадете ги најдоцна за ручек, а со пржените почестете се понекогаш.