Филипче: Во 2022 година 5% зголемување на платите на сите вработени во здравство

Денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одржа работен состанок со синдикалните здруженија на здравствените работници, на кој се потпиша анекс на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството. Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година.

Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Платите на лекарите специјалисти некаде се дуплирани. Го корегиравме коефициентот за дежурства. На младите колеги специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Граѓаните заслужуваат најдобра медицинска нега, а здравствените работници достојни услови за вршење на нивната дејност.
Министерство за здравство

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.