Филипче: Најопасна е индиската варијанта на Ковид-19

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција потенцираше дека во моментов најопасна е индиската варијанта на Ковид-19, поради тоа што има двојна мутација на вирусот.

Тој рече дека на сила и натаму е препораката за карантин на сите патници од 14 дена кои доаѓаат од Индија, Африка и Јужна Америка.

– Нашите сознанија говорат дека најопасна варијанта во моментов на вирусот е индиската, која е нешто понтагиозна, има дупла мутација на спајкот на протеинот. Но, засега, ниту кај нас, ниту во регионот, ниту во регионот на ЈИЕ, нема некаква најава дека нешто подраматично се случува во смисла на влошување, но сепак, будно ја следиме ситуацијата – изјави првиот човек на здравство.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.