Еве зошто е добро да јадете ореви секој ден
Оревите се едни од најздравите плодови кои му даваат енергија на организмот, но и спречуваат разни болести.
Добро е да се јадат сите слични плодови како лешници, бадеми, ф`стаци, но оревите се особено препорачливи.
Тие го потхрануваат и мозокот, но најважно е што штитат од срцеви заболувања и дијабетес тип 2 и некои видови рак.
Многумина сметаат дека може да се здебелат од нив, но напротив, тие не ги затнуваат крвните садови, па помагаат при подобриот проток на крв и помагаат при одржување на линијата, бидејќи даваат чувство на ситост и го намалуваат апетитот за поголеми оброци.
Бројни истражувања покажале дека консумирањето ореви може значајно да го намали стареењето.
Откриено е дека само со седум ореви дневно може да се спречи развивање на срцевите заболувања и тие се наоѓаат на листата на најздрави производи кои треба секојдневно да се консумираат.
Оревите се богати со антиоксиданси, здрави влакна, протеини, витамини и минерали. Се препорачува да се јадат сирови, без преработка, за да не ја загубат ефикасноста.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.