Есента е одличен период за промена на изгледот
Есента е одличен период кога може да си направите промена на изгледот доколку го сакате тоа. Многу инфлуенсерки и други ѕвезди од шоубизнисот својата совршена есенска фризура ја најдоа во класичен боб, со различни должини.
Елегантна, шармантна и едноставна за обликување и одржување, боб фризурата е една од оние кои никогаш не здосадуваат. Причината е нејзината практична страна, бидејќи добро им стои на сите, без разлика на обликот на лицето и текстурата на косата.
Меѓу безброј различни боб трендови, како најпопуларен оваа сезона се истакна едноставниот боб со остар и ремен рез, стилизиран во сосема мазен стил.
Оваа фризура се потстрижува на должина до клучната коска, а важно е да има богата текстура од внатрешната страна.
Добар е и лоб- долг боб кој е добар избор за девојки кои сакаат малку подолга коса. Ако сакате поатрактивен изглед со винтиџ призвук, тогаш вистинско решение е спој на боб и куси кркми.
Уште една атрактивна варијанта е фанцуски боб, односно кој е разбушавен боб, кој изгледа совршено несовршен. Убавината на оваа фризура е во бушавоста и нежните бранови. Може да се носи и со кркми или без нив, зависно од обликот на лицето.
Било која варијанта да ја изберете, сигурно е дека секогаш ќе имате добра фризура и нема да ви е потребно многу време за обликување на фризурата.