Едноставен рецепт за пијалок против маснотии
Овој едноставен рецепт е за сите оние што имаат маснотии во крвта и тоа од оние што ги уништуваат внатрешните органи.
Оваа напивка детално го чисти телото од маснотии и тоа за две недели. Се препорачува да се урамнотежи исхраната, да се вежба и да се пие доволно вода.
Потребни состојки:400 грама корен од целер, 1 килограм лимон
Приготвување:
Исечкајте корен од целер, па ставете го во 2 литри филтрирана вода. Додајте и рендана кора од лимон. Загревајте околу 20 минути, а потоа оставете ја да се олади 5-6 часа.
Исцедете сок од лимон и додајте го целерот. Добро промешајте, па исцедете. Чувајте ја напивката во фрижидер во стаклено шише.
Употреба: 3 пати дневно пијте по 1 децилитар пред јадење. Ако вкусот е пресилен, разблажете го со вода.
Здравствени придобивки: Коренот од целер е богат со витамини А, Ц, К и Е, со есенцијални масла, каротен, и други хранливи состојки. Има широк спектар здравствени придобивки, како и ниско ниво на калории.
Богат е со растителни хранливи материи, минерали, витамини и диетални влакна.
Коренот од целер содржи бројни поли-ацетиленски антиоксиданси, како што се флакаринол, панаксол и метил-филкариндиол, кои имаат антиканцерогени својства и може да заштитат од рак на дебело црево и акутна лимфобластична леукемија.
Коренот од целер е одличен извор на витамин К. Витаминот К е посебно важен за здравјето на коските, бидејќи ја подобрува минерализацијата на коските и ја поттикнува остеотрофичната активност во коските.
Целерот изобилува и со некои главни минерали, вклучувајќи фосфор, железо, калциум, бакар и манган. Фосфорот е неопходен за клеточниот метаболизам, одржување на крвниот систем, коските и формирањето на забите. Бакарот го подобрува имунитетот, ја спречува анемијата и го подобрува метаболизмот.