Една чаша дневно од овој напиток го чисти црниот дроб и го регенерира целото тело

Овој напиток не го нарекуваат без причина и еликсир на младоста, а во продолжение погледнете зошто е тоа така.

Сурутката е течност која се добива од кравјо млеко при изработката на сирење. Многу е богата со минерали, витамини, аминокиселини, протеини и други соединенија кои се здрави за нашиот организам.

Поради тоа што станува збор за течност, знаеме дека таа брзо стигнува до сите органи при што се надополнуваат многу недостатоци во нашиот организам. Поради ниската pH-вредност, пренесувањето до органите е многу брзо и ефикасно.

Во еден литар сурутка може да се најдат дури 360 килокалории што е половина од калориите кои може да ги пронајдеме во еден литар свежо млеко. Покрај споменатото сурутката во себе содржи и белковини. Минералите кои ги има во сурутката го одржуваат тонусот на клетките, спречуваат висок крвен притисок, мозочен или срцев удар.

Од друга страна, протеините спречуваат остеопороза, го регулираат холестеролот, го запираат делувањето на забниот камен, ја зголемуваат мускулната маса, го јакнат имунитетот, го намалуваат стресот и најважното – го регенерираат црниот дроб.

Треба да знаете дека интензивната исхрана со сурутка во сите нејзини оригинални или дериватни облици, доведува до побрза регенерација на болните места во организмот.

Еден од начините да подготвите сурутка:

1 литар млеко ставете да зоврие. Во топлото млеко додадете сок од лимон. На 1 литар млеко, 1 лимон. Потоа оставете течноста да се излади. Откако ќе се излади, ставете ја течноста во шише, па чувајте во фрижидер.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.