Дознајте кои се симптомите на оваа болест и како да ги разликувате од хроничен умор
Дознајте кои се симптомите на Адисоновата болест и како да ги разликувате од хроничен умор.
Дали сте постојано уморни, не можете доволно да се наспиете, дури и 10 часа „во кома“ не ви се доволни?
Веројатно сте си поставиле дијагноза и си ги припишувате сите овие симптоми на хроничен умор. Зошто се појавува овој проблем? Многумина сметаат дека причината е недостатокот на сон и претераната работа, но во позадината на оваа состојба се кријат некои далеку посериозни проблеми.
Хроничниот умор може да настане како резултат на промени во секојдневната рутина, недостаток на редовна физичка активност и постојан стрес и напнатост, како и поради синдром на адренална инсуфициенција, односно Адисонова болест, истакнуваат експертите.
Според лекарите, примарна инсуфициенција на надбубрежната жлезда се јавува поради негативно надворешно влијание врз оваа жлезда, како и поради разни бубрежни заболувања, вклучително и некој вид малигнитет. Продолжениот стрес може да биде и причина за секундарна инсуфициенција на Адисоновата болест, предупредуваат тие.
Поради хроничен стрес, надбубрежните жлезди престануваат да произведуваат адреналин, кој е неопходен за телото адекватно да одговори на секоја опасност. Резултатот од недостатокот на овој хормон е постојано чувство на апатија и хроничен замор.
Симптоми на адренална инсуфициенција, т.е. Адисонова болест:
болка во стомакот;
нередовна менструација;
потребата за солена храна;
дијареа;
вртоглавица при станување од седечка или лежечка положба;
губење на апетит;
низок крвен притисок;
мускулна слабост;
несвестица;
чувствителност на студ;
ненадејно губење на тежината;
повраќање;
хроничен замор.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.