Домашен сируп од глуварче: Лековита суперхрана која воопшто нема да ве чини
Глуварчињата се во сезона. Најдете ливада оддалечена од сообраќаен хаос и загадување, наберете ги нивните цветови и стебла и подгответе домашен препарат против кашлица и бројни други болести.
Глуварчето е исклучително здраво диво растение од семејството Asteraceae, кое е богато со витамини А и Ц како и со калциум, калиум и натриум. Станува збор за многу лековито растение кое ја поттикнува работата на бубрезите, црниот дроб и дигестивниот систем, го намалува холестеролот, ја зајакнува крвта, а помага и при алергии.
Расте на ливади со умерена и студена клима, а може да се користи од коренот до цветовите. Од неговиот корен најчесто се подготвува чај, кој помага при дигестивни проблеми, а пиењето се препорачува и за луѓето кои боледуваат од дијабетес.
Стеблата на глуварчето се сметаат за чистачи на организмот бидејќи ја регулираат работата на метаболизмот, ја прочистуваат крвта и желудникот.
Раните пролетни листови од глуварче се користат за подготовка на салати и чорби, а се препорачуваат и во исхраната на трудниците, доилките и жените во менопауза. Цветовите на глуварчето исто така можат да се јадат, а најдобро е да се берат напладне кога се најотворени.
Од цветовите од глуварчето најчесто се подготвува сируп или „мед“, кој може да се додаде во разни десерти или да се пие сам како лек, пред сè како сируп против кашлица.
Состојки за сируп од глуварче:
– 200 грама цветови од глуварче заедно со стеблото
– 2 лимони
– 1,5 литри топла вода
– 1 кг. шеќер
Подготовка:
1. Стеблата и цветовите исечкајте ги и прелијте ги со топла вода.
2. Додадете лимон исечен на кришки или исцеден сок од лимон и сè заедно гответе на тивок оган околу половина час.
3. Процедете ја течноста, додадете шеќер и варете уште 15 минути.
4. Топлиот сируп истурете го во претходно стерилизирани стаклени шишиња или тегли и внимателно затворете. Чувајте го на темно, ладно место.
5. Сирупот консумирајте го 2-3 пати дневно, по една супена лажица.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.