Доктор Даниловски со интересна констатација: Специјалистите и келнерите земаат иста плата

Познатиот доктор Драган Даниловски со реакција на социјалните мрежи за основната плата што ја земаат лекарите, судиите и келнерите.

– Како е можно основната плата на специјалист во секундарното ниво на здравствената заштита да е 55 000 денари, на судија во Основен суд 120 000 денари, а на келнер 50-60 000!? – праша тој на својот фејсбук профил.

Коментарите на оваа тема се бројни.

– Во земја во која најголем бизнис се кафани и кладилници што да се каже понатаму? Поразително колку се изместени вредностите, а согласно тоа и платите на најбитните сегменти на едно општество, му реплицираше еден фејсбук пријател на доктор Даниловски.

Друг сподели слично свое искуство:

– Покрај девијацијата, срамотата, извитопереноста која ја констатирате во постот, само да се надоврзам со податокот дека стручен работник-воспитувач кој работи со деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение, со работно време во три смени, секој ден од годината, има 34.000 нето основна плата, значи за дури 150 евра под просечната плата.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.