Дали чоколадото може да лекува кашлица?

Чоколадото има бројни здравствени придобивки.

Веројатно веќе сте чуле дека има бројни придобивки од чоколадото.

Покрај фактот дека оваа намирница може да ја подобри работата на срцето и да го подигне нивото на енергија, научниците откриле дека какаото содржи состојки кои имаат подобри ефекти врз кашлицата отколку одредени лекови за воспаление на грлото.

Имено, во една студија во која учествувале 163. пациенти, се покажало дека испитаниците кои користеле лек базиран на какао излекувале иритации на грлото побрзо и помалку кашлале, за разлика од оние кои конзумирале стандардни сирупи и други лекови за кашлица.

„Чоколадото е лепливо и го премачкува грлото и спречува иритација и нагон за кашлање“

Исто така, чоколадото може да биде одличен аналгетик.

Рецепторите за болка реагираат многу побавно додека јадеме чоколадо.

Жените, особено кога се во ПМС, обично јадат чоколадо бидејќи содржи хормон на среќа – ендорфин, а со тоа ја намалуваат вознемиреноста.

Секако, треба да се има предвид дека овој позитивен ефект може да доведе до дебелеење и дека треба да се ужива во чоколадото, но во умерени количини.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.