Четири нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија – сите се мажи меѓу 20 и 39 години

Во февруари пријавени се и четири случаи потврдени на ХИВ и еден на СИДА, од машки пол, кои се на возраст од 20 до 39 години.

– Пријавен е еден смртен случај од СИДА, пријавен како заболен во 2018 година, од машки пол, кој припаѓа на возрасната група од 35 до 39 години. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, заклучно со 29 февруари, кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Република Северна Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 645 и тоа – 127 лица починале, 518 лица живеат со ХИВ/СИДА, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Пријавени се вкупно и 49 случаи на Ковид-19 во текот на февруари.

Во текот на февруари, пристигнати биле две пријави за заразно заболување за ентероколит кај странски државјанин од Шведска и шуга кај странски државјанин од Хрватска, кои престојувале во Република Северна Македонија, информираат од ИЈЗ

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.