Чајот од нане го намалува апетитот и желбата за благо
Факт е дека најздрав и најефикасен начин за слабеење се промените во исхраната и физичката активност. Сепак, еден здрав и вкусен топол напиток може малку да помогне, а тоа е чајот од нане.
„Чајот од нане не содржи калории, но има благ, сладок вкус кој може да го намали апетитот и желбата за слатки“, тврди нутриционистката Кортни Д’Анџело.
Покрај тоа, содржи многу хранливи материи кои помагаат во слабеењето, а нутриционистот потсетува дека нането има антивирусни, антибактериски и антиинфламаторни својства.
Во случај на слабеење, ова антиинфламаторно дејство е особено важно, бидејќи значи дека топлиот чај од нане помага и при варењето.
Овој чај помага и за опуштање на мускулите, што добро ќе влијае на движењето на храната и гасовите низ цревата, а со тоа и на празнењето на цревата.
Секако, ова е многу здрав напиток кој помага при слабеење, но не треба да се гледа како на магично стапче кое ќе ви ги одземе сите вишок килограми за два дена.
извор: kajgana.com