Брзите тестови не секогаш даваат точни резултати

Брзите тестови кои се продаваат во аптеките не секогаш даваат прецизни резултати за тоа дали некој е позитивен или не. Матичниот лекар Бојан Трајковски во гостувањето во емисијата „Магазин Здравје“ на Сител истакна дека граѓаните не секогаш треба да се потпираат на резултатите од овие тестови.

-Го гледаме тоа и преку домашните посети и преку нашата Установа кадешто работиме. Пациентите се принудени да прават тестови во домашни услови. Пред сѐ, затоа што се поевтини. Втората е работа е што тешко се добива до тест на државно ниво. И навистина, не секој може да си дозволи 2.000 денари за ПЦР тест. Кога станува збор за сензитивноста или колку се точни антигенските тестови, прво, голем не знаат или не сакаат до крај, соодветно да го земат брисот. Малку е непријатен, и не секогаш може пациентот да си земе. Тоа е првата работа. Втората работа е што премногу рано почнуваат да ги прават тестовите. Ги прават на првиот ден, треба да направат на четвртиот или петтиот ден за да ја видиме реалната клиничка слика, за да видиме реално присуство на вирусот, објаснува Трајковска.

Рече и дека ангенските тестови биле сензитивни на алфа и бета соевите од коронавирусот. Според него, тие се помалку сензитивни за делта и омикрон соевите.

-Околу 30 до 60 отсто е некоја статистика, кадешто може да биде детектиран. Сѐ останато на ПЦР се детектира. Па дури и ПЦР тестовите не секогаш може да потврдат позитивност. Сме имале случаи каде по четири – пет негативни случаи, шестиот да биде позитивен. А сѐ во позадина, симптологијата потврдува дека зборуваме за Ковид, вели Трајковски.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.