Анкетната комисија за случајот Онкологија почна со сослушување на поранешните и актуелните директори на ФЗО
Анкетната комисија за случајот на Клиниката за онкологија денеска продолжи со работа со сослушување на поранешните и актуелните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Орхан Рамадани, Фатон Ахмети, Магдалена Филиповска Грашковска.
На денешната седница, која се води од потпретседателот на Анкетната комисија Александар Велјановски, ќе бидат сослушувани и сведоци и експерти, како и разгледување акти и документи.
На вчерашната седница на Комисијата беа сослушани поранешниот и актуелниот министер за здравство, Венко Филипче, односно Фатмир Меџити.
Претходно на сослушување пред Анкетната комисија беа и претходниот министер за здравство, Беким Сали, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Анкетната комисија за случајот со Клиниката за радиотерапија и онкологија беше формирана на 29 септември откако Јавното обвинителство отвори предистражна постапка за овој случај по медиумските објави за наводни злоупотреби на работната позиција и нерегуларности поврзани со третманот на пациентите од оваа клиника.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.