Ако имате висок притисок оваа храна никако немојте да ја јадете

Секој трет човек во светот страда од висок крвен притисок, а многумина тоа не го ни знаат. Симптомите на таканаречениот тивок убиец често се невидливи, иако високиот крвен притисок го зголемува ризикот од мозочен удар, срцев удар, срцеви заболувања, болести на бубрезите, па дури и васкуларна деменција.

Затоа е многу важно да се грижите за крвниот притисок. За оние со покачени нивоа, здравата исхрана е клучна за да се држи под контрола и да се намали. Всушност, има храна и пијалоци кои треба да се избегнуваат.

Според нутриционистот Беки Греам за The Sun, луѓето кои страдаат од висок крвен притисок треба на прво место да го намалат внесот на сол. Препораката на здравствените експерти е да не се јаде повеќе од шест грама сол дневно, што е приближно една кафена лажичка.

За луѓето кои страдаат од хипертензија, опасни се и слатките пијалоци, рафинираните јаглехидрати, како што се белиот леб и тестенините, како и обработените и полуготови оброци. Треба да го намалите и внесот на кофеин и алкохол, црвено и преработено месо, јадења со заситени и транс-масти, некои зачини како кечап, чили сос, соја сос и прелив за салата и пица.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.