Позитивната листа на лекови дополнета со девет генерики

Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување денеска донесе одлука за дополнување на Позитивната листа на лекови со вкупно девет лека по генеричко име, односно по форма и јачина позитивната листа се проширува за вкупно 20 лека.

Како што се појаснува во соопштението, ова подразбира проширување на позитивната листа на лекови со 59 бренд заштитни имиња и тоа за: крвни болести – антикоагуланси (Prasugrel, Ticagrelor), болести на срце и крвни садови – против висок притисок и високи масти (Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate) , за централен нервен систем – антидепресиви и за третирање деменција (Escitalopram, Memantine, Duloxetine).

Проценетото влијание врз буџетот на Фондот на годишно ниво е околу еден милион евра, посочуваат од ФЗОМ. Ова е прво дополнување на листата по 2014-та година.

-Фондот е посветен на пристап кон подобри лекови и ги охрабрува сите чинители кон натамошни дополнувања, се наведува во соопштението оттаму.

Коментари

коментари

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.