Три дена не работеле хируршките сали на Клинички
Три дена операционите сали на хируршките клиники не биле во функција поради технички проблем.
Според информации на Сител причина е пукната цефка која била поврзана со доводот на кислород и во функција била само сала за итни случаи.
Сите пациенти кои биле закажани за 8 и 9 април биле одложени со напомена дека ќе бидат повикани за 15 до 20 дена.
Од денеска салите се во функција, но засега нема официјални информации од надлежните колку операции биле одложени и како ќе биде надополнето тоа што е пропуштено.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.