Појадок: Оваа храна не треба да биде избор за вашиот утрински oброк

Доколку сакате да се храните здраво и квалитетно, тогаш никогаш не треба да го прескокнувате појадокот, но исто така овие нешта никогаш не треба да ги јадете како прв и најважен оброк.

Појадокот е најважен оброк и баш поради тоа треба добро да внимавате што јадете наутро. Меѓу честите намирници кои наутро се наоѓаат на маса има три кои имаат повеќе штета отколку корист за организмот, па не треба да се најдат на утринската трпеза.

Сланина

Содржи голем процент на заситени масти и холестерол и често е многу богата со нитрати од кои може да се појави главоболка.

Печива со сирење и путер

Тоа се празни јаглехидрати со мала нутритивна вредност, како растителни влакна, протеини, житарки и слично.

Протеински чоколатца

Што се однесува до шеќерот и калориите, доколку за појадок јадете протеински чоколатца, тоа е исто како да сте изеле вообичаено чоколадо.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.