Овие напитоци ги топат мастите на стомакот

Пијалаците полни калории и шеќер може да придонесат за создавање масни наслаги на стомакот. Затоа, важно е што се пие, а стручњаците издвојуваат четири напитоци кои може да го забрзаат топењето на мастите на стомакот.

1.Напитоци без калории

Зашеќерните пијалаци го покачуваат шеќерот во крвта, како и количината маснотии во стомакот. За противтежа се препорачуваат пијалаци без калории, на пр. – водата, најмалку 6-8 чаши на ден, а со зголемување на количината, може и да се забрза метаболизмот.

2.Зелен чај

Зелениот чај содржи кофеин и катехини – биоактивни растителни соединенија.

– Овие две главни компоненти може да ја зголемат оксидацијата на мастите и да го забрзаат нивното согорување. Сепак, пиењето зелен чај нема магично да ги раствори сите масти. Но, може да помогне, вели нутриционистката Рејчел Дајкман од Њујорк, САД.

3.Црн чај

Ако не ви се допаѓа горчливиот зелен чај, може и црн чај. Тој е богат со флавоноиди и е здрав за срцето. Може да помогне во намалување на крвниот притисок, а има голема улога и во намалувањето на салото.

4.Кафе

Истражувањата покажаа дека кофеинот, во умерени количини, е делотворен и за потиснување на апетитот кај некои луѓе. Ова може да го намали дневниот внeс на калории и со тоа „да ги стопи“ мастите на стомакот. Освен тоа, кофеинот ја стимулира и термогенезата – процес со кој телото произведува повеќе топлина и согорува повеќе калории.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.