Со оваа храна може да го подобрите нивото на холестерол а со тоа да го намали и ризикот од срцеви заболувања

Како што веќе знаеме храната има директно влијание врз многу аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето на срцето. Но, одредена храна може да го подобри нивото на холестерол и за возврат да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Одржувањето на вашиот холестерол на нормално ниво со избирање на соодветна храна ќе ви помогне да живеете поздрав живот.

Овие намирници ќе ви помогнат за симнување на холестеролот:

Ореви

Тие содржат многу хранливи материи, вклучувајќи здрави масти, влакна и антиоксиданти. Во преглед на три големи студии, луѓето кои јаделе повеќе ореви имале помал ризик од кардиоваскуларни и коронарни срцеви заболувања.

Оревите се особено одлични за здравјето на срцето, бидејќи содржат многу важна омега-3 масна алфа-линоленска киселина, која е поврзана со намален ризик од кардиоваскуларни болести, како што се срцев или мозочен удар.

Авокадо

Ова зелено овошје содржи многу здрави мононезаситени масти и диетални влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестерол.

Студија од 2020 година покажа дека луѓето со прекумерна тежина или дебелина и кои јаделе по едно авокадо на ден како дел од нивната целосна диета имале подобрен профил на холестерол во споредба со времето пред воведувањето на авокадото во исхраната.

Јачмен

Јачменот е зрно богато со бета-глукани. Тоа е вид на растворливи влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестерол преку интеракција со масти и жолчни соли во дигестивниот тракт.

Преглед и мета-анализа на рандомизирани контролирани испитувања од 2016 година откри дека бета-глуканот од јачмен го намалува нивото на холестерол. Затоа, вклучувањето на јачменот во исхраната може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Темно чоколадо

Можеби изгледа контрадикторно, но додавањето на малку темно чоколадо и какао во вашата исхрана може да биде од корист за вашето срце. Истражувањата покажаа дека флавоноидите присутни во црното чоколадо и какаото можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Сепак, не е добро да се јаде премногу чоколадо, бидејќи често е богато со дополнителни шеќери, што може негативно да влијае на здравјето на срцето. Најдобро е да го ограничите дневниот внес на црно чоколадо на една помала порција и да изберете оној што содржи најмалку 70 проценти какао.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.