Летни совети за бебиња и родители
Докажано е дека просториите во кои температурата се движи од 16 до 20 степени се идеални за спиење, за бебето. Меѓутоа, кога е топло надвор, ќе треба поголема посветеност на регулирање на температурата. Следат неколку совети коишто можат да помогнат…
Правилното облекување на бебето е особено важно налето. Тоа треба да спие во пелени или покриено со потенко ќебе. Постелнината од памук е особено корисна. Редовно проверувајте ја температурата на вашето дете и дење и ноќе. Ако малечкото почне да се поти, соблечете му го вишокот облека.
Просторијата на бебето се проветрува со отворање прозорци во околните простории… Оставете ја и неговата врата отворена, за да се овозможи доволна промена на воздухот. Не кревајте ги ролетните и завесите, за Сонцето да не го загрева просторот.
Дозволен е и вентилатор или климатизер – во умерени количини. Но, не додека бебето е во собата, зашто може да се вознемирува од звуците на уредите.
Може да се стават влажни крпи во близина на прозорецот или над мебелот. Водата ќе испари, па така и ќе го олади воздухот.
Осигурете се бебето да пие доволно течности во текот на денот. Ноќе веројатно ќе побара да јаде повеќе и не треба да го одбивате тоа. Капењето пред спиење исто така помага за попријатни чувства.
Малечкото може да заспие и надвор – во количката или на седиштето во автомобилот. Овие средини можат многу да се загреат, па затоа е најдобро да го ограничите ова време на спиење. Дома, обидете се да воспоставите квалитетна рутина за спиење, за вашето дете да биде што е можно поодморено кога ќе сака да излезе надвор на прошетка.