Колку дена смеете да ги јадете велигденските јајца, а да не се затруете?
Ретко кој успева за празникот да ги искористи сите велигденски јајца, на повеќето им остануваат и после празниците. Се прашувате ли колку време може да стои велигденското јајце, односно после колку време веќе не е сигурно за конзумирање?
Доколку адекватно се чуваат, тврдо варени јајца можат да се јадат неколку дена, без страв од евентуално труење. Како што наведуваат нутриционистите, варените јајца можат да се јадат седум дена од денот на варење. Можат да стојат и вон фрижидер, но сепак се препорачува да се чуваат на ладно место, или во фрижидер.
Како да препознаете дали јајцето е свежо?
Свежoто јајце потешко се љупи од она кое е постаро од седум до десет дена.
Во чаша со вода ставете свежо јајце. Ако падне на дното или со врвот се сврте кон површината, свежо е, а доколку е на површината, треба да се фрли бидејќи е расипано. Јајцето кое половина е на површината на водата, може да се користи, но не е целосно свежо. Тврдо варените јајца побрзо се расипуваат од свежите, бидејќи со варење се мие заштитната обвивка ги отвара порите на љуската оторајќи влез на бактерии.
Јајцата се вкусен и хранлив оброк. Содржат протеини и голем број витамини и минерали, со што можат во целост да го заменат месото. Лесно се варат и релативно се со ниска калорична вредност.