Излегувањето со другарките ќе ви го подобри здравјето

Сега имате одличен изговор за да излезете со своите пријателки. Имено според едно ново истражување, жeните треба да излегуваат со пријателките барем двапати неделно за да си го подобрат здравјето. Ако уживате во излегувањето со женско друштво, правете го тоа почесто зашто така дефинитивно ќе бидете посреќни и поздрави.

Истражувањето го спроведе група истражувачи од Универзитетот Оксфорд. Истражувањето ги откри неопходните чекори за една жена да биде среќна во сите аспекти од животот и ги постави основите за жените да се чувствуваат слободни да излегуваат со пријателките.

Робин Данмар, психолог и одговорен за истражувањето, вели дека општото здравје на жените се подобрува кога се среќаваат со најдобрите пријателки двапати неделно и на тие средби прават што сакаат. Според истражувањето, меѓу активностите кои ги прават се пиење пиво, трачарење и разговарање за нивните ривали. Така тие се социјализираат, пијат и се смеат заедно.

Меѓу бенефитите по здравјето доколку практикувате вакви излегувања се побрзо закрепнување од болест, посилен имунолошки систем, намалена анксиозност и поголема дарежливост. Истражувачите, исто така, забележаа дека само 2 од 5 жени излегуваат со пријателките еднаш неделно, а некои и многу поретко ако имаат семејства за кои треба да се грижат.

Истражувањето се фокусирало и на квалитетот на интеракцијата меѓу пријателките, според времето поминато надвор и бројот на луѓе. Во просек, жените издвојуваат помалку од половина од своето време за негување на тие пријателства. Понатаму, истражувачите дознале дека жените најдобро комуницираат со смешни и зајадливи коментари, шеги и разговор за работи кои ги засмеваат, но бројот на луѓе во групата исто е битен фактор.

Смеењето во помали групи е позастапено, но кога на средбата има повеќе од пет жени, веројатноста за заразно смеење и покачен ендорфин е помала. Затоа се препорачува да се среќавате со максимум три пријателки одеднаш. Според резултатите, жените имаат поголема потреба од одржување на тие конекции, а тоа им станува се побитно како што созреваат и стареат. „Позафатени сме, имаме повеќе одговорности, а средбите со пријателките прават да се чувствуваме негувани и ценети” велат истражувачите.

Реалноста е дека ни треба време за себе, да избегаме од секојдневната рутина, да се релаксираме и да ги видиме блиските пријатели во живо. Тие средби не регенерираат. Застанете и размислете кога последен пат сте излегле со најдобрите пријателки?

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.