Овој човек живеел 15 години со паразит во мозокот долг 12 сантиметри

Овој човек се жалел на чести нагони за повраќање, слабост во мускулите и напади на болести, но на докторите им требало многу години за да ја откријат причината за неговата состојба.

Докторите биле во шок кога откриле 12 сантиметри долг паразит кој 15 години живеел во мозокот на овој човек.

Овој 35-годишен човек од Кина добил инфекција од паразит откако се хранел со печени полжави.

Пациентот, од кој познато е само презимето Ванг, изјавил дека од 2004-та година се заљубил во кинескиот специјалитет – печени полжави.

По една година консумирање полжави тој почнал често да повраќа, а во 2007-та година почнал да чувствува слабост во мускулите и вкочанување на левата рака и нога.

По неколку напади, господинот Ванг бил приморан да ја напушти работата, но цело време бил убеден дека станува збор за нешто кое не е толку опасно, а неговото семејство се обидувало да пронајде медицински одговор за неговата состојба.

Наредните 10 години Ванг ги поминал во болници каде што посетувал различни доктори за да го пронајде одговорот на својата болест.

Минатата година докторите направиле шокантно откритие. Ванг цело време во мозокот имал паразит. Операцијата била премногу ризична поради положбата на паразитот па затоа докторите му советувале нехируршко лечење.

Во септември оваа година Ванг преживеал уште еден напад и му било преку глава од сè. Докторите утврдиле дека паразитот сè уште е жив. Тогаш била направена операција која траела два часа.

Паразитот кој бил пронајден во неговиот мозок вообичаено се наоѓа кај мачките и кучињата, а ретки се ситуациите кога тој се појавува кај луѓето.

Докторот кажал дека паразитот всушност целото време живеел во мозокот на пациентот и се хранел со тоа.

„Моравме да се увериме дека сме го отстраниле паразитот кој беше долг 12 центиметри. Дури и само еден милиметар од паразитот да останеше тој би можел да порасне пак внатре. Пациентот веројатно јадел месо од полжав или пак некое друго егзотично животно кое не било подготвено како што треба“ – изјавиле докторите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.