Дали сте слушнале за диетата на познатиот пластичен хирург Дуброу ?

Пластичниот хирург Тери Даброу смисли диета која успешно ги топи килограми, а воедно има ефект врз нивото на енергија, како и на растот на косата и квалитетот на кожата. Оваа диета е комбинација на кето режимот на исхрана и пауза од истата на интервали. Исхраната Дуброу ја дели во 3 фази: фаза на брз старт, потоа фаза за постигнување на посакуваната телесната тежина и фаза на одржување. Поради тоа, оваа диетата вклучува денови кога ќе можете да си дозволите да јадете нешто што навистина го сакате.

Дуброу тврди дека оваа диета го регулира нивото на инсулин во крвта, ги ублажува воспалителните процеси и го забавува процесот на стареење. Тој спроведе истражување на 100 субјекти за да ја утврди ефективноста на диетата и откри дека субјектите изгубиле во просек до 20 килограми.

 

Фазите на режимот се:

 

Фаза 1: Оваа фаза трае 2 до 5 дена и вклучува пост од 16 часа. Оваа фаза е неопходна за да се започне процесот на слабеење. Во периодот од 8 часа кога е дозволено да внесувате храна, треба да јадете само протеини, здрави масти и млечни производи. Треба да се исфрли зеленчук што содржи скроб, а овошјето е дозволено во многу мали количини. Дозволени се два оброка за тие осум часа, а дозволено е да пиете само пијалоци со 0 калории, како што се вода, кафе и чај од билки.

 

Фаза 2: Оваа фаза трае додека не ја достигнете посакуваната тежина. Времето на постот е од 12 до 16 часа, во зависност од тоа колку брзо сакате да изгубите тежина. Дозволени се истите намирници како во текот на првата фаза, но со повеќе здрави масти, сложени јаглехидрати и овошје.

 

Фаза 3: Оваа фаза треба постојано да трае онолку колку што сакате да ја одржите посакуваната тежина. Треба да се придржувате на овој режим два дена неделно по 16 часа, а останатите 5 дена по 12 часа. Исхраната е иста како и во втората фаза.

 

Најголемата предност на оваа диета е што дефинитивно доведува до губење на тежината, како и детоксикација на организмот, се разбира и со физичка активност од минимум половина час на ден.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.