6 починати и 156 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Во последните 24 часа регистрирани се 156 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1227 тестa, пишива АЛСАТ-М.
Распоредено по градови:
Скопје – 100
Тетово – 19
Кочани – 13
Велес – 6
Штип – 6
Струга – 2
По еден случај во: Свети Николе, Кратово, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, Куманово и Дебар.
Истовремено, 29 пациенти се излекувани, а починаа 6 пациенти позитивни на Ковид-19.
Со ова вкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 4820. Излекувани се 1865, а починале 222 лица.