2 домати на ден значително ја подобруваат работата на белите дробови

Ако сте пушач и одлучивте да го оставите пушењето, веќе сте на прав пат кон подобро здравје. Откажувањето од пушењето драстично го намалува ризикот од многу болести, вклучувајќи ја и хронично опструктивна пулмонална болест и рак на белите дробови.

Белите дробови почнуваат да се обновуваат веднаш штом престанете да пушите  но нивното закрепнување всушност трае со години. Еден од важните фактори кои влијаат врз здравјето на белите дробови е возраста на човекот. После 35-тата година функциите на белите дробови ослабнуваат-дијафрагмата ослабнува, ослабнуваат и респираторните мускули, алвеолите го губат својот облик и т.н.

Неколку  истражување покажуваат дека исхраната богата со овошје и зеленчук може да го намали ризикот од хронично опструктивна пулмонална болест кај сегашните и поранешните пушачи. Имено, секое дополнителено внесување во исхраната овошје и зеленчук во текот на денот го намалува ризикот од оваа болест од 4% до 8%.

Позитивни ефекти имааат доматите за здравјето на белите дробови и кај непушачите и кај пушачите. Авторите на една студија откриваат дека кај луѓето кои јадат најмалку 2 домати дневно, функцијата на белите дробови помалку опаѓа отколку кај луѓето кои јадат помалку од еден домат дневно. Тие исто така веруваат дека одредени состојки во свежиот домат ја поттикнуваат репарацијата на оштетувањето на белите дробови предизвикани од пушењето.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.