18 лица починати и 50 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Во последните 24 часа се направени 2.955 тестирања, а регистрирани се 50 нови случаи на КОВИД-19 во:
• Скопје – 27
• Куманово – 5
• Прилеп – 4
• Гостивар – 3
• Тетово, Велес, Штип и Кичево – по 2
• Струмица, Гевгелија и Виница – по 1.
Пријавени се вкупно 18 починати лица: 8 лица од Скопје (63г,67г,69г,72г,72г,77г,80г,88г), 3 лица од Тетово (75г,76г,78г), 2 лица од Битола (84г,88г) и по едно лица од Прилеп (68г) Кавадарци (79г), Кочани (74г), Радовиш (80г) и Дебар (55г).
• Регистриран е 81 оздравен пациент од:
• Скопје – 34
• Прилеп – 9
• Струмица – 7
• Куманово – 6
• Штип, Кочани и Крушево – по 4
• Радовиш и Пробиштип – по 3
• Велес и Кичево – по 2
• Свети Николе, Делчево и Виница – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 788.300 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.217, бројката на оздравени пациенти е 147.381, на починати е 5.387, а бројот на активни случаи изнесува 2.449