Навечер не јадете лубеница, советуваат нутриционистите. Причината за тоа е лошото варење поради кое нема да можете да заспиете речиси цела ноќ, а последиците од тоа ќе ги почувствувате и наредниот ден.
Лубеницата, како и повеќето цитруси, но и брусницата, има диуретичко дејство.
Во текот на денот лубеницата е сосема поинаква приказна, па дури и ако сте на диета, би требало да ја земате секојдневно.
Четири шолји лубеница содржат само 184 калории и сигурно ќе ве заситат и освежат, а притоа нема да ги прејдете оние 200 калории кои повеќето диети ги дозволуваат кога станува збор за меѓуоброкот.