Истражување спроведено на Универзитетот Харвард покажува дека намалувањето на присутвото на естрогенот кај жените во менопауза ги зголемува шансите за потешкотии со помнењето.
Наодите, кои ги објави „Журнал од неуросајнс“, се собрани од околу 200 испитаници на возраст од 45 до 55 години.
Испитаничките учествувале во истражувањето во тестирање на помнењето и биле подложени на снимање на мозокот со уред за магнетна резонанца.
Научниците потенцираат дека присутноста на хормонот естроген е поврзана и со функцијата на хипокампусот, дел од мозокот клучен за помнењето.