За здрави заби не пијте вино!

Дури и умерена консумација од 1-2 чаши вино неделно може да им наштети на нашите пломби и тие да паѓаат, пишува „Daily Mail“.
Научниците од Универзитетот во Питсбург, предводени од Александре Ривеира, открија дека овој пијалок може да го распадне полнењето на кариесот само за две години. И без оглед на природата на пломбата – дали е направен од амалгам или композитен материјал.

Истражувањето следело здравствени картони на пациентите 5 години, откако тие пополниле и дополнителни прашалници дали консумираат алкохол и дали се пушачи. Најзагрозените се пломбите на мажите кои консумираат алкохол и пушат цигари.

Истражувањето на тимот докажало исто дека специфичен ензим во забите (MMP2) исто помага за побрзо паѓање на пломба, бидејќи тој ја слабее нејзината спојка со забот.

винозабипломбипопуларнорасипување