48 годишна жена е најмладиот дијагностициран пациент во земјата со Алцхајмерова деменција. И додека оваа болест е карактеристична за популацијата над 65 години, лекарите велат дека на Клиниката за неврологија им доаѓаат и лица кои се уште не станале пензионери, но го губат сеќавањето. Загрижувачки според невролозите е што во Македонија на лекување се само 2 000 болни додека, пак, претпоставките се дека има околу 20 000 со деменција. Кај нас нема национален регистар а недостасуваат и многу други мерки кои спиоред експертите ќе им олеснат и на заболените и на нивните семејства.
-Немаме и национална стратегија како што имаат други земји а треба и дневни центри за овие лица. Првите симптоми на болеста е губење на меморијата за свежи настани. Загрижува фактот што се јавува и кај лица под 65 години а допрва истражувања ќе покажат зошто се јавува и кај помлади, вели др. Габриела Новотни специјалист невролог на Клиника за Неврологија
Доктор Новотни вели дека Алцхајмеровата деменција е тешка болест која го краде секој дел од мозокот и ги нарушува основните функции. На болниот во напредна фаза од заболувањето му треба 24 часовна нега а во тие ситуации страда и семејството.
-Во такви ситуации болниот сака да се врати во куќата на родителите кои одамна починале, или на некои места од детството и кај такви ситуации тоа е голем товар и за негователите односно децата и сопружниците кои ги чуваат, вели др.Новотни
Покрај генетскиот фактор, пушењето, деебелината и физичката неактивност се само дел од причините за појава на деменција. Невролозите апелираат на поголема свест за зачувување на здравјето на мозокот.