Во Македонија нема регистар, национална стратегија ниту пак дневни центри за Алцхајмер!

48 годишна жена е најмладиот дијагностициран пациент во земјата со Алцхајмерова деменција. И додека оваа болест е карактеристична за популацијата над 65 години, лекарите велат дека на Клиниката за неврологија им доаѓаат и лица кои се уште не станале пензионери, но го губат сеќавањето. Загрижувачки според невролозите е што во Македонија на лекување се само 2 000 болни додека, пак, претпоставките се дека има околу 20 000 со деменција. Кај нас нема национален регистар а недостасуваат и многу други мерки кои спиоред експертите ќе им олеснат и на заболените и на нивните семејства.

-Немаме и национална стратегија како што имаат други земји а треба и дневни центри за овие лица. Првите симптоми на болеста е губење на меморијата за свежи настани. Загрижува фактот што се јавува и кај лица под 65 години а допрва истражувања ќе покажат зошто се јавува и кај помлади, вели др. Габриела Новотни специјалист невролог на Клиника за Неврологија

Доктор Новотни вели дека Алцхајмеровата деменција е тешка болест која го краде секој дел од мозокот и ги нарушува основните функции. На болниот во напредна фаза од заболувањето  му треба 24 часовна нега а во тие ситуации страда и семејството.

-Во такви ситуации болниот сака да се врати во куќата на родителите кои одамна починале, или на некои места од детството и кај такви ситуации тоа е голем товар и за негователите односно децата и сопружниците кои ги чуваат, вели др.Новотни

Покрај генетскиот фактор, пушењето, деебелината и физичката неактивност се само дел од причините за појава на деменција. Невролозите апелираат на поголема свест за зачувување на здравјето на мозокот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.