Најновото истражување на американските научници покажа дека гледањето акциски филмови е поврзано со дебелеење.
Телевизијата е поврзана со дебелеење поради три главни фактори: рекламирање брза храна, поминување повеќе време во седечка положба, и одземање внимание поради што луѓето не знаат колку јаделе.
Во студијата научниците следеле 94 студенти кои конзумирале храна пред телевизија гледајќи различни програми. Утврдено е дека учесниците во истражувањето во текот на гледањето акциски филмови изеле речиси двојно повеќе храна и внеле 65 отсто повеќе калории. Тој феномен е забележан и кај мажите и кај жените, иако повеќе бил изразен кај мажите учесници во студијата