Малата Ајра Саксина има навистина неверојатен проблем. Таа кива и по 8000 пати на ден.
Мајка и Прија вели дека сето ова почнало пред неполна година.
Едно утро Ајра се разбудила од спиење и почнала да кива. Ништо не и помагало да престане.
За чудо, единствено не кива додека спие.
Но, во моментот кога ќе се разбуди продолжува нејзината голгота.
Мајка и е очајна да најде решение за проблемот на својата ќерка.