Овие симптоми укажуваат на дијабетес!
- 1. Екстремна жед
- Ова е еден од класичните симптоми на дијабетесот и се јавува како резултат на насобраниот шеќер во крвта. Бубрезите се приморани да работат повеќе и да филтрираат што е можно повеќе. Вишокот на шеќер се излачува преку урината и предизвикува почесто мокрење и дехидрација.
- 2. Замор
- Долготрајната исцрпеност и чувството дека постојано сте уморни е уште еден симптом за појава на дијабетес. Доколку спиете помалку од 6 часа имате поголеми шанси да ја добиете оваа болест
- 3. Споро зараснување на раните
- Високото ниво на шеќер во крвта влијае на тоа колку бргу ќе зараснуваат раните.
-
- 4. Заматен вид
- Како резултат на високите количини на шеќер во крвта, водата од телото се повлекува и од очите. Токму затоа видот е заматен и пукаат очните садови.
- 5. Депресија
- Депресивните личности се по склони кон заболување од оваа болест. Жените имаат дури 17% шанса да заболат од оваа болест доколку имаат проблеми со депресија.
- 6. Чувствителност
- Шеќерната болест го слабее имунитетот и способноста на организмот да се бори против бактериите. Дури и забите стануваат се почувствителни и неотпорни на кариес.