Немојте наутро да го местите креветот – Чувајте го здравјето!

Местењето на креветот секое утро може да биде лошо за вашето здравје. Тоа го тврдат последни светски истражувања.

Во постелнината има околу 1.5 милиони грини кои штетно влијаат на здравјето на целокупниот организам. Можат да доведат до сериозни проблеми како алергии, па дури и астма.

Грините се паразити кои се хранат од мртвите клетки од кожата, а опстојуваат на темни и влажни места – токму таков каков што е вашиот кревет веднаш после станувањето.

Бројните истражувања покажуваат дека подобро е креветот да го оставите ненаместен и директно изложен на сончева светлина која ги убива овие паразити.

Ако ненаместениот кревет ви пречи, можете да го средувате подоцна во текот на денот.

креветпопуларнорастуренсончева светлина