Научно тврдење: Ако не јадете леб, не значи дека сте поздрави

Тим од 13 научници на универзитетите од Хардвард и Колумбија  тврдат дека не би требало да се препорачува исхрана без глутен на здравите луѓе бидејќи таа не ги спречува заболувањата на срцето.

“Исхраната без глутен е популарна помеѓу луѓето бидејќи мислат дека тој го зголемува ризикот од дебелеење и кардиоваскуларните болести. Сепак ние пронајдовме докази кои ги побиваат тие тврдења” тврдат научниците.
Тие анализирале податоци на 100.000 луѓе кои немале проблеми и болести на срцето и заклучиле дека не постои значајна промена помеѓу коnзумацијата на глутенот и згoлемен ризик на срцеви заболувања.
Секако како и со сите други работи умереноста е клуч и трба да се избира поздрава врста на леб, како оние од цели зрна на житарици бидејќи содржат важни хранливи состојки кои му се потребни на нашето тело.
глутенлебнаучниципопуларно