Колку долго траат симптомите на менопауза?

Најновото истражување покажува дека жените кои минуваат низ менопауза можат да имаат симптоми во вид на топлотни бранови и до 14 години.

Научниците откриле дека половина од жените на ова големо истражување имаат непријатни симптоми кои просечно траеле и повеќе од седум години. Ненси Авис, професорка по општествени науки при Медицинскиот центар во Северна Каролина и шеф на истражувачкиот тим, изјави дека докторите треба да ги предупредат жените дека симптомите на менопауза може да траат многу долго, дури и подолго од што се претпоставувало. Истражувањето е спроведено на 1.499 жени од четири етнички групи со чести налети на топлина и ноќно потење. Просечното време во кое овие жени имале симптоми на менопауза е седум ипол години.

Половина од жените ги имале симптомите помалку од седум години, а половина повеќе, но докажано е дека колку порано почнуваат симптомите толку подолго траат. При истражувањето, една од седум жени покажувала знаци на менопауза уште додека имала менструален циклус и поради тоа симптомите траеле подолго, дури 11 години. Врз основа на ова истражување, исто така, е докажано и дека жените кои имаат симптоми на топлотни бранови можат да се соочат со зголемен ризик од појава на кардиоваскуларни проблеми.

женименопаузасимптоми