Туширањето има големо влијание врз вашата кожа, почнувајќи од времето кое го поминувате под тушот, па сè до начинот на кој го миете вашето тело. Затоа е важно да ја пронајдете вистинската рутина која ѝ одговара на вашата кожа.
Дали знаевте дека она што ѝ го правите на вашата кожа после туширањето е подеднакво важно, можеби и поважно отколку самото туширање? Единствената грешка која поголемиот дел од жените ја прават после туширањето, а што ја уништува кожата е предолгото чекање да нанесат хидратантна крема или пак, ако воопшто не ја нанесат. Всушност, после туширањето порите се шират заради пареата и топлината во бањата и важно е да се задржи водата што влегува во нив.
Чекањето повеќе од 3 минути за да нанесете хидратантна крема после туширањето ќе предизвика губење на влажноста во вашата кожа. Затоа, секогаш држите шишенце со крема во вашата бања и нанесете ја 1 минута после туширањето за да имате здрава и хидратизирана кожа.