Која е најголемата грешка што ја правите после туширање?

183

Туширањето има големо влијание врз вашата кожа, почнувајќи од времето кое го поминувате под тушот, па сè до начинот на кој го миете вашето тело. Затоа е важно да ја пронајдете вистинската рутина која ѝ одговара на вашата кожа.

Дали знаевте дека она што ѝ го правите на вашата кожа после туширањето е подеднакво важно, можеби и поважно отколку самото туширање? Единствената грешка која поголемиот дел од жените ја прават после туширањето, а што ја уништува кожата е предолгото чекање да нанесат хидратантна крема или пак, ако воопшто не ја нанесат. Всушност, после туширањето порите се шират заради пареата и топлината во бањата и важно е да се задржи водата што влегува во нив.

Чекањето повеќе од 3 минути за да нанесете хидратантна крема после туширањето ќе предизвика губење на влажноста во вашата кожа. Затоа, секогаш држите шишенце со крема во вашата бања и нанесете ја 1 минута после туширањето за да имате здрава и хидратизирана кожа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.